

Фото: The Japan Times
Кина долги години се обидува да се спротивстави на навлегувањето на некои западни навики и трендови, но до кога тоа ќе успева да го прави, навистина е отворено прашање. Последен случај кој говори за одлучноста на кинеските власти да се спротивстави на „западниот дух“ е одлуката на Кинеското Министерство за спорт, кое воведе забрана за тетоважи за националните фудбалски тимови, додека тетовираните играчи се обврзани сами да ги покриваат тетоважите.
Во последниве месеци, Кина се обидува да ја врати контролата врз содржини како што се музика, видео игри и реални шоуа кои доаѓаат од странство.
Тамошното министерство изјави дека доколку некој фудбалер има тетоважа, таа мора да биде покриена на тренинг и за време на натпревар.
„Нема договор, нема репрезентација, ако имаат тетоважи. Оние што ги имаат треба да ги покријат како знаат, во спротивно нема да играат. Фудбалерите треба да бидат пример за општеството“, се наведува во соопштениет на Фудбалскиот сојуз на Кина.
Тетоважите во Кина се најчести меѓу помладата урбана популација.

Фото: Big Word Tale
Минатата година во документарен филм на локалната јавна телевизија беа „замаглени“ тетоважите на поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам.
Исто така, поради правило за забрана за фарбање коса, минатата година беше прекинат натпревар од женската универзитетска фудбалска лига.