ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.08.2022
Кина со вештачки дождови се бори против сушата
Автор: Goce Author

Кина се обидува да предизвика врнежи од дожд за да ги намали последиците од сушата која трае речиси два месеци. Властите се свртеа кон технологијата за засејување облаци во централните и југозападните делови на Кина.

Фото: Times now

Кинеските власти се обидуваат да предизвикаат врнежи од дожд во централните и југозападните делови на Кина во услови на силна суша и рекорден топлотен бран.

Реката Јангце, најдолгиот воден тек во Азија, моментално доживува рекордно ниско ниво на вода.

Во некои делови од земјава имало помалку од половина од вообичаеното количество врнежи.

Резервоарите во кои се наоѓаат хидроцентралите се намалени за дури половина, велат властите.

Истовремено, зголемената потрошувачка на електрична енергија поради работата на клима уредите, доведе до голем притисок врз локалната електроиндустрија.

Двомесечниот топлотен бран што ја погоди Кина е и најдолгиот забележан досега, објави Националниот климатски центар.

Провинциите погодени од суша околу реката Јангце, Хубеи и многу други, се свртеа кон технологија за сеење облаци за да се борат против недостатокот на врнежи, што вклучува лансирање хемиски ракети на небото, објавија локалните медиуми.

Температурите во Кина надминуваат 40 степени

Во меѓувреме, температурите низ Сечуан и соседните провинции надминаа 40 степени Целзиусови.

Фото: The Daily caller

Поради ова, од владините канцеларии во Сечуан било побарано да го одржуваат нивото на климатизацијата на температури не пониски од 26 степени Целзиусови, пишува Ројтерс, пишува Sichuan Daily.

Исто така, од работниците беше побарано да користат скали наместо лифт секогаш кога е можно.

Милиони жители на оваа провинција се исто така погодени од прекини на струја.

Сушата ги откри „камењата на гладот“ во европските реки

Во градот Дажоу, каде живеат околу 5,4 милиони луѓе, прекините на струјата траат и до три часа, објавија локалните медиуми.

Тие, исто така, велат дека фабриките во покраината биле принудени да го прекинат производството или да се затворат како дел од итни мерки за пренасочување на електричната енергија за напојување на домаќинствата.

Нивото на водата во хидроенергетските акумулации, кои се многубројни во регионот, во моментов е намалено за дури половина, додаваат властите.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија