ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.07.2022
Кој ги контролира светските резерви на нафта и плин?
Автор: Goce Author

Секојдневно слушаме различни информации околу горивата, но дали знаете кој ги контролира светски резерви на нафта и плин? Според резултатите од најновото истражување, околу 65% од светските резерви на нафта и плин се под контрола на државни компании.

Се проценува дека седумте големи државни компании, Сауди Арамко, Катар Енерџи, Аднок од Абу Даби, рускиот Гаспром и Роснефт, иранската национална нафтена компанија и венецуелската PDVSA, ќе можат да го одржат своето сегашно производство на нафта во следните 40 до 60 години.

Најголемата нуклеарна сила во Европа – Франција има проблем со своите нуклеарни централи

Голем проблем на пазарот е оној од седумте најголеми производители на нафта во светот, кои контролираат две третини од пазарот, дури четири се под некакви санкции: Иранската национална нафтена компанија, Гаспром, Роснефт и ПДВСА, пренесува специјализираниот портал Oilprice.

Сè уште е отворено прашање дали нафтата ќе биде важна како извор на енергија за 50 години, а Европа и Америка често сугерираат дека на фосилните горива им остануваат само неколку години живот.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија