
Во Унгарија како проблем се нотира зголемениот број на образовани жени, што, според државен извештај, доведува до намалување на бројот на раѓања.

Каталин Новак, Министерка за семејство Фото: Еmerging Europe
Се поголемиот број на образовани жени кои се фаворизираат пред мажите, доведува до намалување на бројот на раѓања. Ова се вели во извештајот на собраниското тело.
Феноменот на „розово образование“ во Унгарија, кој ги фаворизира жените, им штети на мажите и влијае на бројот на родени деца, се вели во извештајот на парламентарното тело за економија на таа земја.
Жените се премногу застапени во високото образование, велат од телото. За тоа тело се верува дека тесно соработува со премиерот Виктор Орбан.
Авторите на извештајот предупредуваат дека поради зголемениот број на високообразовани жени, помалку од нив ќе сакаат да стапат во брак и да имаат деца.
Орбан се обидува да влијае на зголемувањето на наталитетот во Унгарија, кој е на загрижувачко ниво.
Закон за спречување на родово базирано насилство имаме, важно е како ќе се имплементира
Во 2019 година, унгарскиот претседател објави дека мајките на четири или повеќе деца никогаш повеќе нема да мора да плаќаат данок на доход.
Извештајот на Државната агенција за ревизија беше објавен минатиот месец, но сега го објави весникот Непсава.
Неколку унгарски политичари и експерти за човекови права ги критикуваа наводите од извештајот.
Меѓу другото, таму се наведува дека во текот на претходните 10 години на факултет се запишале повеќе жени отколку мажи. Годинава нивниот удел е 54,5 отсто.

Photo by Samantha Sophia on Unsplash
Мажите во поголема мера се откажуваат од учењето, а авторите сметаат дека феминизацијата на професијата наставник можеби довело до фактот дека 82 отсто од професорите во земјава се жени.
Образовниот систем фаворизира „женски особини“, како што се емоционалната и социјалната зрелост. Со тоа „значително ја ослабува“ родовата еднаквост, додаваат тие.
Економијата на Унгарија би можела да биде загрозена ако „машките особини“ се потценети велат истражувачите. Тие како пример за тие особини ги наведуваат техничките вештини, преземањето ризик и претприемништвото.
Тоа може да влијае и на секојдневниот живот на младите луѓе, кои нема да знаат што да прават со „расипан компјутер, славина што протекува или нов мебел што никој не може да го состави“, се додава.
Унгарскиот опозициски политичар Ендре Тот го критикуваше извештајот на Фејсбук:
„Време е да престанеме да го гледаме светот со очила од минатиот век“.
Разликата меѓу таканаречените машки и женски карактеристики е „целосен научен апсурд“, додаде тој.
Извештајот е „уште еден удар за родовата еднаквост и правата на жените во Унгарија“, смета Лидија Гал од Хјуман рајтс воч.
Унгарија веќе подолго време е критикувана за родовата нееднаквост.
Таа земја бележи пад кога станува збор за правата на жените и родовата еднаквост, рече Дуња Мијатовиќ од Европскиот совет. Таа беше во посета на Унгарија во 2019 година.
Оваа земја неодамна ја доби првата жена претседателка во историјата, Каталин Новак. И покрај тоа,има најмалку жени во политиката во споредба со сите други земји од Европската унија.
Европската комисија започна правен процес поради контроверзниот „анти-геј закон“, кој забранува објаснување на хомосексуалноста на малолетниците.
Виктор Орбан, кој постојано доаѓа во конфликт со Европската унија за прашањата за владеење на правото, како што се слободата на медиумите и миграцијата, ја опиша Унгарија како „нелиберална демократија“.