ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.12.2022
Копенхаген најбезбеден град во светот
Автор: Goce Author

Копенхаген го презеде приматот од азиските градови, како најбезбеден град во светот  за 2022 година.

Светот целосно се промени во последните години поради глобалната пандемија и кризата во Украина, како и значењето на терминот „безбедност и сигурност“.

При определувањето на најбезбедните градови, се зема предвид дигиталната и здравствената безбедност, инфраструктурата, личната безбедност, како и заштитата на природата и животната средина. Кои се најбезбедните градови во светот?

Досегашната практика првите места на листата да се резервирани за азиските градови како Токио, Сингапур и Осака се промени, оваа година европски град ја зазема првата позиција.

Копенхаген за прв пат е прогласен за најбезбеден град во светот. Следи Торонто, а на третото и петтото место се Сингапур и Токио. Сиднеј е на четвртото место. Престолнината на Данска континуирано работи на подобрување на безбедноста на граѓаните што се рефлектира во ниската стапка на криминал, урбаната безбедност и превентивното делување на властите. Во Копенхаген секој треба да се чувствува безбедно, без разлика дали е дете или постар човек, маж или жена, дел од ЛГБТ или дел од кое било друго малцинство, нагласува градоначалникот на градот, Ларс Вајс.

Репортажа од градот кој е срцето на Европа – Прага

Најбезбедните градови во светот за 2022 година се:

  1. Копенхаген
  2. Торонто
  3. Сингапур
  4. Сиднеј
  5. Токио
  6. Амстердам
  7. Велингтон
  8. Хонг Конг
  9. Мелбурн
  10. Стокхолм
Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија