ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.12.2021
Ковид сертификат за на свињокол, на бензинска, за танц подиум, за во црква….најчудните европски ковид протоколи

Напорите во Европа да се поттикне вакцинацијата против КОВИД со сертификати кои докажуваат дека некое лице било вакцинирано, тестирано негативно или заразило со коронавирус создадоа планина од регулативи. Токму поради тоа, често можеме да слушнеме за чудни ковид прописи и протоколи, кои понекогаш се граничат со апсурдот. Но, не е и неочекувано, со оглед на непознаниците кои во последните две години ни ги донесе корона вирусот (да се потсетиме само дека на почетокот на епидемијата се плашевме и речиси ги екскомунициравме заразените, и тоа кога имаше по два-тројца заразени, а сега, кога има по 300-400 дневно, а и кога имаше по околу 1000, се однесуваме како да нема вирус).


Граѓанска иницијатива против маските во училиште


Еве неколку збунувачки правила додека Европејците се подготвуваат за уште една сезона на зимски одмори во сенка на заканата од пандемија:

Чешки „забави“ за колење свињи

Пропусниците за Ковид станаа задолжителни за разни јавни настани низ Европа. Во Чешка регулативата е проширена и на колење свињи – предбожиќна традиција во која месар доаѓа во домовите на луѓето за да обезбеди месо за празнични специјалитети.

Уредбата вели дека сега се потребни пропусници за учество на овие „забави за колење свињи“ и дека до 1.000 луѓе можат да присуствуваат на настани каде што обично има само неколку членови на семејството.

Простор за танцување во Англија

Во Англија, пропусниците за ковид сега се потребни во ноќни клубови и пабови со подиуми за танцување или „простори за танцување“.

Сепак, условот во пабовите важи само од 1 часот по полноќ, што значи дека гостите можат да отидат во клубот пред тоа време за да избегнат обезбедувањето да им бара сертификат.

Сопствениците на клубовите се спротивставија на можноста персоналот да го обиколува подиумот за да ги проверува пропусниците по 1 часот по полноќ.

Политика за вакцини во Латвија

Во Латвија, луѓето на позиции се привремено суспендирани доколку немаат пропусница за ковид.

Досега суспендирани се 19 лица вработени во општините низ државата.

Според новите правила, позициите привремено ги добиваат вторпласираните изборите.

Суспендирана е и Јулија Степаненко, пратеничка во националниот парламент и една од основачите на партијата Латвија прво!

Сертификат за бензинска пумпа во Литванија

Потребен ви е сертификат за да отидете на бензинска пумпа во Литванија.

Претходно важеше дека луѓето можеа да влегуваат на бензинските пумпи без нив, но само за помалку од 15 минути.

Во секој случај, сепак можете да наполните гориво ако можете да платите со картичка, но на отворениот протор на бензинската.

Луѓето без сертификат во Литванија исто така не смеат да влезат во големи трговски центри, спортски сали… Не смеат да влезат во ресторани, но можат да купат храна за носење.

Заштитени цркви во Грција

Забрането е престој во црквите во Грција без сертификат. Владата одлучи дека невакцинираните лица мора да направат брз тест или да покажат доказ за вакцинација за да можат да одат во црква.

Водечкото тело на Грчката православна црква, каде што многу свештеници изразија скептични ставови за вакцините, соопшти дека не е во позиција да врши проверки на влезовите на црквата.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија