
Планинарите во Швајцарија гневно реагираа на кражбата на пари од кутија за донации лоцирана на планински врв на Алпите, до која се стигнува со едно од најтешките искачувања.
Помеѓу 400 и 500 швајцарски франци биле земени од кутијата на планинарскиот клуб Лејкербад, во близина на врвот Даубенхорн на швајцарските Алпи.

Кутијата беше поставена од локален планинарски клуб за собирање донации за одржување на преминот до врвот.
Оваа пешачка патека е една од најдолгите во Швајцарија и е оценета како К5, што значи дека е исклучително тешка. Затоа, се претпоставува дека разбојниците се искусни планинари кои ја познавале областа и дошле опремени со алат за да ја скршат кутијата.
Патрик Гричтинг, еден од членовите на управниот одбор на клубот, смета дека кражбата била однапред испланирана.
„Ова не беа обични планинари“, рече Грихтинг во изјава за новинската агенција ДПА. „Тоа е огромна кутија што не можете да ја отворите само со шрафцигер“.
Кутијата се наоѓа на платото каде алпинистите се одмораат по речиси еден километар искачување на стрмна карпа. Во шпицот на овој врв секојдневно се искачуваат околу 50 планинари.

Гричтинг претпоставува дека крадците се искачиле рано наутро или навечер. И покрај поставувањето на челични скали и кабли во 2015 година, врвот останува недостапен за сите освен за најискусните алпинисти, а кражбата ја шокираше планинарската заедница.
„Какви луѓе се тие?“ се запрашал клубот на фејсбук, нарекувајќи го грабежот „голема навреда“ која покажала „непочитување“ кон заедницата.
„За оваа рута без надомест се грижи планинарскиот клуб, а ние ништо не бараме, а сега некој решил да ги украде парите донирани за одржување“, напишале волонтерите.
„Не сакаме ништо лошо да им се случи на сторителите, туку до крајот на вечноста да бидат мачени од грижа на совест секогаш кога ќе одат во планина.
Од клубот велат дека веруваат дека крадците продолжиле и се искачиле на врвот, што дополнително ги изненадило членовите на клубот.