ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.09.2022
Кристијан Аманпур го „откачи“ претседателот на Иран
Автор: Goce Author

Кристијан Аманпур, познатата новинарка на CNN го откажа интервјуто со иранскиот претседател Ебрахим Раиси, откако тој за време на разговорот во Њујорк побарал да ја покрие главата со шал.

Аманпур истакна дека ниту еден претходен претседател не го побарал тоа кога ги интервјуирала надвор од Иран. Помошникот на Раиси и рекол дека тоа е поради „ситуацијата во Иран“.

Смртта на една жена приведена во Иран поради наводно кршење на правилата за хиџаб, предизвика насилни немири во земјата. Маша Амини (22) почина минатата недела по, како што рече нејзиното семејство, полициска бруталност. Таа паднала во кома неколку часа откако полицијата за морал ја уапсила затоа што не носела хиџаб на пропишан начин, односно косата не и била целосно покриена.

Полицајците наводно ја претепале Амини со палка и ја удриле главата во едно од нивните возила. Полицијата негираше каква било злоупотреба и тврди дека срцето на девојчето одеднаш престанало да работи.

Протестите, кои се веќе седми ден, се проширија во 80 градови и населени места во Иран. За време на немирите најмалку 17 лица загинаа.

Интервјуто за Си-Ен-Ен би било прво интервју на Раиси на американско тло. Тој учествувал на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Аманпур рече дека се подготвувала за интервју кога еден од помошниците на претседателот инсистирал да ја покрие косата и дека тоа било барање на Раиси.

Аманпур одбила да ја покрие косата за време на интервјуто со Раиси

„Ние сме во Њујорк, каде што нема закон или традиција во врска со хиџабот“, напиша таа на Твитер.

 

Помошникот на Раиси јасно ставил до знаење дека нема да има интервју доколку таа не ја покрие главата со шамија. Ваквото барање го образложил велејќи дека тоа е „прашање на почит“. Нејзиниот тим го напушти интервјуто, отфрлајќи го барањето.

Американската водителка подоцна објави слика без марама во просторија каде што беше поставено друго столче на кое требаше да седне иранскиот претседател.

Контроверзи во Унгарија-повеќе образовани жени, помалку раѓања?!

Претседателот Ебрахим Раиси, тврдокорниот свештеник кој беше избран минатата година, на 15 август потпиша указ за спроведување на новата листа на ограничувања. Тие вклучуваат поставување безбедносни камери за надзор и казни за непокриени жени, како и упатување во „советувалиште“ и задолжителни затворски казни за секој Иранец кој се прашува или објавува на интернет против правилото за хиџаб.

Ограничувањата доведоа до зголемување на бројот на апсења. Но истовремено предизвика бран на објавување фотографии и видеа од жени без шамии на социјалните мрежи. Овој тренд само се засили во деновите по смртта на Амини.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија