ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.12.2022
„Куќа на мечките“ фотографија на годината од природа

Фотографија на годината од природа е „Куќа на мечките“ на фотографот Дмитриј Кох, во конкуренција на над 20.000 фотографии со мотиви од природата.

Фото: Dmitry Kokh

Доловувањето на убавината на природата е една од омилените задачи на фотографот. Бројни пејзажи кои го одземаат здивот, животни, растенија и уникатни моменти се она што фотографите го бараат кога бараат совршена снимка.

На овогодинешниот натпревар Nature Photographer of the Year (NPOTY) (NPOTY), судиите требаше да изберат од 20.952 фотографии од повеќе од 96 различни земји, што е нов рекорд за натпреварот.

Фотографите можеа да учествуваат во 12 различни категории, како што се птици, цицачи, пејзажи, подводен живот и многу повеќе.

Фотографот на природата Дмитриј Кох ја освои титулата „Фотограф на природата за 2022 година“ победувајќи со својата фотографија „Куќа на мечките“.

Имено, луѓето порано живееле на рускиот остров Коључин, но пред околу 30 години сите ја напуштиле таа мала област, а нивните живеалишта добиле нови жители.

Фото: Dmitry Kokh

Прекрасни поларни мечки населувале напуштени куќи, фотографот Кох снимил фасцинантни фотографии од животните кои уживаат во нивниот нов дом.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија