ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.11.2023
Леброн Џејмс – најголем пораз во неговата кариера
Автор: Goce Author

Во НБА лигата кошаркарите на Филаделфија го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 138:94  што е убедливо највисокиот пораз во 21 сезоната во кариерата на Леброн Џејмс.

Џоел Ембид ја предводеше Филаделфија до победата со 30 поени, додека Леброн Џејмс вчера го доживеа најтешкиот пораз во кариерата. Досега никој не го победил со 44 поени разлика, колку што изнесуваше синоќа во Филаделфија, а ова воедно е седми пораз по ред на Лејкерс против Филаделфија. Леброн Џејмс ноќеска стана апсолутен рекорден по број на одиграни минути, вкупно 6.29 68 и му го сруши долгиот рекорд на Карим Абдул Џабар кој на паркетот мина 66.297.

За Џејмс ова е највисок пораз во кариерата. Тој постигна само 18 поени и направи 5 асистенции, а необично мечот го заврши со 0 скокови. Противникот погоди 22 тројки, а како најдобар се истакна Џоел Ембид со 30 поени, 11 скока и 11 асистенции.  Ова е седми пораз во низа на Лејкерси против Филаделфија, а воедно и најголем во серијата од 290 натпревари. Никој до сега не го поразил Леброн со 44 поени разлика. Претходниот највисок пораз му е од Индијана со -42 пред четири години.

 

 

Инаку на вечната листа на НБА кошаркарите со најголем број одиграни минути трет е Карл Мелоун, четврти Коби Брајант, а петти Дирк Новицки. Од активните играчи, најблиску е Крис Пол на 28 место, а Кевин Дурент е 50-ти. Џејмс кој следниот месец полни 39 години, ја игра 21-та сезона во НБА и шеста со Лејкерси. Сезонава има просек од 25,5 поени по натпревар, 8 скока и 6,6 асистенции.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автори: Антониа Симјоновска и Меланија Панева

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија