ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.03.2022
Летното сметање на времето со здравствени и финансиски последици
Автор: Goce Author

Навикнувањето на промените од летно во зимско сметање на времето и обратно некако ни е полесно како одминуваат годините, па на прв поглед тие промени не ги чувствуваме толку многу како на почетоците.

Сепак, се чини дека тоа е само на прв поглед, бидејќи сепак поместувањето на стрелките нанапред или наназад предизвикува последици. Нив можеби не ги препознаваме како директна последица, но се тука и не „мачат“. Тие последици се здравствени, психофизички, но и финансиски.

Менувањето на часовникот нема да создаде дополнителна дневна светлина, но го поместува времето на изгрејсонце и зајдисонце, што предизвикува нарушувања во нашиот биоритам.

За некои, ова е само мала привремена непријатност, но за многумина сè уште предизвикува дополнителни негативни последици.

Некои студии покажаа дека, неколку дена по менувањето на часовникот, ризикот од срцев удар се зголемува. Сепак, главната и најширока последица е заморот, кој влијае на многу аспекти од нашиот живот.

Меѓу најчестите нуспојави од поместувањето на часовникот е несоницата, која, покажаа истражувањата, најлесно паѓа на „ноќните птици“. Освен тоа, поместувањето на часовникот може да ја наруши хормоналната слика и да предизвика низа проблеми. Тука се главоболки, нервоза и депресија, но и  хроничен замор и чувствителност на временските промени.

Заморот може да ја намали продуктивноста и концентрацијата и да влијае на општата состојба на телото. Може да доведе и до депресија, а докажан е и зголемен број на сообраќајни несреќи неколку дена по промената на часовникот, што најверојатно е предизвикано од уморни и ненаспани возачи.

Како промената на летното сметање на времето може да влијае врз луѓето?

Иако сите овие последици кај повеќето луѓе поминуваат по неколку дена поместување на часовникот, зошто да не го олесните овој период и да ги избегнете тешкотиите во секојдневниот живот.

За да си олесните, можете да ги почитувате следните три правила:

-Осум часа сон нека ви биде приоритет

-Не заборавајте да јадете здрав појадок наутро

-Прошетајте. Сончевата светлина помага да се прилагоди биоритамот

Финансиските придобивки од летното сметање на времето помали од загубите?

Покрај здравствените проблеми, промената на сметањето на времето може да влијае и на финансиски план. Така, податоци од студија од 2017 година покажува дека економијата на САД само од летното сметање на времето губи 433 милиони долари годишно.

Истражувањата исто така покажуваат дека губењето на само еден час сон е поврзано со 5 проценти зголемување на срцевите удари и повредите на работно место (најмногу кај градежните работници и рударите). Исто така, се смета дека заштедата на енергија поради повеќе дневна светлина во текот на денот е многу помала од загу бите кои ги бележи економијата.

Иако неколку години се шпекулира за укинување на промената на сметањето на времето од летно во зимско, засега тоа не се случува во поголем дел од европските држави. Најмалку половина од земјите во светот не го применуваат летното сметање на времето.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија