
ЛГБТ боите на дресовите се причина за дел од рагбистите на Manly Warringah Sea eagles во Австралија да бојкотираат натпревар на својот клуб.

Фото: Crikey.com.au
Седум играчи на австралиската национална рагби лига (NRL) ќе го бојкотираат клучниот натпревар поради одлуката на нивниот клуб да воведе комплети во ЛГБТ бои.
Менли Воринг, ќе биде првиот тим во историјата на натпреварувањето што ќе го промовира вклучувањето на ЛГБТ лицата во спортот на нивните дресови.
Некои играчи велат дека не биле консултирани при донесувањето на одлуката. Поради тоа и поради религиозни и културни причини одбиле да ги носат дресовите.
Претседателот на клубот изјави дека е разочаран, но дека ги почитува желбите на тие играчи.
„Не сакаме овие играчи да бидат отпуштени, но нашиот клуб ги слави и ги почитува сите луѓе.
„Нема да ги принудуваме да играат, но остануваме верни на овие дресови и вклучување“, изјави Скот Пен за Sydney Morning Herald.
Австралискиот премиер Ентони Албанес го пофали ставот на клубот.
„Важно е за австралиското општество да ги почитуваме сите такви какви што се“, смета тој.
Манли ќе остане без клучните играчи за да ги одмери силите со Сиднеј Ростерс. Тоа е натпревар кој може да има одлучувачко влијание врз нивните шанси за пласман во финалето на лигата.
Рагбистите од ист тим не можат да носат различни дресови, според правилата на натпреварувањето.
Поранешната ѕвезда на тимот, Иан Робертс, е првиот играч во историјата на лигата кој се изјасни како геј. Тој вели дека одлуката на седумте играчи „му го скрши срцето“.
„Тоа е тажно и срамно“, изјави тој за Сиднеј Дејли Телеграф.
Ставот на играчот предизвика бурни реакции на интернет, а сите достапни дресови за возрасни беа распродадени за само два дена.
„Ме лути и отсекогаш ме лути тоа што играчите ќе го бојкотираат виножитото, но никогаш нема да бојкотираат соиграч ако тој е обвинет за насилство врз жени или било кој друг вид на осудувачко однесување за кое сите ќе се согласат дека не е прифатливо“, рече Пем Вејли.
Ова не е прв пат во австралискиот спорт некој да одбие да носи дрес со виножито.
Минатата година Ханин Зреика, фудбалерка во австралиската фудбалска лига, одби да настапи на натпревар. Тој не се согласи да носи таква опрема од религиозни причини.
Неколку австралиски спортисти јавно признаа дека се геј.
Робертс и другите веруваат дека хомофобијата останува главен проблем меѓу навивачите и играчите во врвните спортски натпреварувања во Австралија.
Џош Кавало, фудбалерот на Аделаид Јунајтед, кој во октомври минатата година излезе како геј, јавно проговори за малтретирањето што го претрпе од трибините поради неговата сексуална ориентација.
Израел Фолау, рагбист од Тонга, кој некогаш играше во Австралија, беше суспендиран од Рагби сојузот. Тоа се случи во 2015 година поради анти-ЛГБТ објави на социјалните мрежи.