
Лидерите на Г7 на самитот во Германија најдоа време и да се шегуваат, на сметка на рускиот претседател Путин.

Лидерите на групата седум богати нации на состанокот во Германија ги исмеваа мачо-фотографиите на рускиот претседател Владимир Путин.
Додека лидерите на Г7 седеа на инаугуративната седница на самитот, можеше да се слушне од британскиот премиер Борис Џонсон како прашува дали треба да ја соблече јакната или не.
„Сите мора да покажеме дека сме појаки од Путин“, рече Џонсон, а некои негови колеги се смееја.
„Да јаваме коњи голи до половина“, рече канадскиот премиер Џастин Трудо.
„О, да“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.
„Јавањето е најдобро“.
Челните луѓе на најбогатите држави разговараа за напорите за понатамошна изолација на Русија поради нејзината инвазија на Украина, во која се убиени илјадници луѓе и се протерани милиони од нивните домови.
Обединетото Кралство, Канада, Јапонија и САД најавија чекори за забрана за увоз на руско злато. Г7 ги вклучува и Франција, Италија и Германија.
https://twitter.com/i/status/1541097230723162115