ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.10.2022
Ливерпул – 8000 фунти ноќевање за Евровизија
Автор: Goce Author

Ливерпул е избран за домаќин на следната Евровизија, а организаторите ги предупредија посетителите да не резервираат сместување по високи цени за време на настанот.

Набргу откако Ливерпул беше избран за домаќин на Евровизија 2023 година, цените пораснаа, а ноќевањата може да се најдат за само 400 фунти, до 8.000 фунти, пишува Би-Би-Си.

Маркетинг директорот на Ливерпул, Крис Браун најави дека до крајот на неделата ќе бидат познати повеќе детали и други опции, додавајќи дека се разгледуваат и „кампови и бродови за крстарење“.

Многу приватни сместувања се веќе резервирани, а најевтината опција ноќта на финалето на Евровизија на 13 мај е 1.000 фунти (1.138 евра) преку Booking.com.

Дефинитивно една од најскапите опции е ноќевање во куќа за 8.000 фунти (9.098 евра).

Браун рече дека организаторите биле „сосема логично разочарани“ бидејќи некои решиле да профитираат од домаќинот на Евровизија во Ливерпул.

„Ние секако би ги советувале сите што добиваат толку високи понуди да не резервираат сместување“, рече тој.

Песна на Евровизија и ЛГБТ правата

Некои луѓе кои резервираа сместување пред објавувањето во петокот дека Ливерпул е домаќин на Евровизија, а во некои случаи и месеци однапред, пријавија дека нивните резервации биле откажани, пред истите станови и соби повторно да се огласат по многу повисоки цени.

Како што велат организаторите на Евровизија, на крајот на неделата локалните власти ќе дадат најава за промовирање на поголем број опции во градот и неговата околина.

„Тоа може да вклучува бродови за крстарење или кампови“, рече г-дин Браун, додавајќи дека опциите може да вклучуваат и сместување во Манчестер и Чешир, кои се на еден час возење од Ливерпул.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија