ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.11.2023
Македонија 44-та од 177 земји според услови за жените

Македонија се наоѓа на 44 место од 177 земји рангирани според статусот на жените, нивната вклученост, права и безбедност.

Данска, Швајцарија и Шведска се најдобро рангирани земји според индексот „Women Peace & Security“, кој го анализира и рангира статусот на жените во 177 земји во светот. Македонија се наоќа на 44 место, пред неа се некои од балканските земји, освен Албанија, Грција и Босна и Херцеговина.

Индексот „Женски мир и безбедност“ ги опфаќа областите на образованието и вработувањето на жените, нивната финансиска независност, застапеноста во политиката и правната и социјалната заштита. Изданието за 2023 година на глобалниот женски индекс за мир и безбедност (WPS Index) дава резултати и рангира 177 земји во однос на вклученоста на жените, правдата и безбедноста.

Само 4% од бизнисот во Македонија го водат жени – може ли ова да се промени?

Ниту една земја не функционира совршено на WPS индексот и резултатите откриваат големи разлики меѓу земјите, регионите и индикаторите. Индексот WPS нуди алатка за идентификување каде ресурсите и одговорноста се најпотребни за унапредување на статусот на жените – што ни користи на сите нас.

Македонија зад повеќето од екс ЈУ државите

Индексниот поен на Македонија е 0.798, а на пример на најдобро рангираната Данска е 0.932. Од екс ЈУ државите, најдобро стои Хрватска, на 25 место, Србија е на 32, Словенија на 36 и Црна Гора на 41 место.

Интересни се некои посебни показатели во поглед на инклузијата. Така на пример, во поглед на просечните години на школување на жените, Македонија има индексен поен од 9,7, а најлоша во овој поглед е Турција со 7,9, најдобра Естонија со 13.8.

Во поглед на вработувањето, број на вработени жени, Македонија има 51,7 проценти, што е помалку во однос на најдобро рангираната Литванија со 79.3, но многу подобро од најлошата Косово со само 19.5 %.

Во финансиска автономија, најдобра позиција имаат жените во Естонија, дури 99.6 % се финансиски самостојни, а кај нас, во Македонија тој процент е 79.9.

Високо сме позиционирани во областа на користење мобилни телефони – дури 93 % од жените во Македонија користат, во Естонија, верувале или не, процентот е 100!

Интересно е дека според овој извештај, Македонија е најдобра во поглед на учество на жѓени во парламентот – со 42.5 проценти жени. Најлоши показатели во овој поглед има Унгарија, со смао 13.1 %.

Најлоши услови за жените во светот од 177 рангирани земји има во Авганистан, Јемен, Централноафриканската република, Конго, Јужен Судан,  Бурунди, Сирија…

Индексот WPS е објавен од Институтот за жени, мир и безбедност Џорџтаун и Центарот за родови, мир и безбедност ПРИО со поддршка од норвешкото Министерство за надворешни работи.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија