ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.06.2022
Македонскиот филм „Шеќерни луѓе“ на Филмски фестивал во Беверли Хилс
Автор: Goce Author

Новиот македонски игран филм ,,Шеќерни луѓе’’ премиерно прикажан во официјалната селекција на 22. Филмски фестивал во Беверли Хилс, САД.

Режисер и продуцент е Владимир Јанковски и Сузана Диневски, додека монтажа – Мишко Чунихин. Фотографија, Димо Попов, а музика, Давор Јордановски.

Во главните улоги се Сара Климоска и Филип Трајановиќ.

Кратка содржина за филмот:

Шеќерни луѓе е приказна за Филип и Елена. Еден ден, додека со својот џип чека на раскрсница случајно ја забележува Елена, дваесет и девет годишна девојка, како нешто зборува во својот диктафон. Тоа го привлекува вниманието на Филип кој почнува да ја следи низ скопските улици и во еден ресторан за пецива, каде што таа оди да појадува. На масата на која Филип седнува му пристапува Елена и го прашува зошто ја следи. Меѓу нив се развива разговор полн со взаемна привлечност, и решаваат да поминат одредено време заедно. При разделбата, Филип ја прашува дали сака да се видат повторно следниот ден. Елена се колеба, и оставаат на судбината дали повторно ќе се сретнат…

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)