ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.07.2022
Македонските кантеристи втора година на врвот на Европа
Автор: Goce Author

Македонските кантеристи станаа европски прваци во „Кантер Страјк Глобал Офенсив“, со што го повторија успехот од минатата година, кога исто така беа најдобри.

Македонската е-спорт репрезентација стана европски првак во „Кантер Страјк Глобал Офенсив“, откако славеше по пресврт со 2-1 во финалето против Украина, па така ги обедини европската и светската титула. Македонија минатата година, на 18 ноември стана и светски шампион откако во финалето ја победи Романија со 2-0.

Вчера се одигра финалниот натпревар помеѓу Македонија и Украина на CS-Go каде македонските кантеристи беа поуспешни пд Украина и победија со 2-1. На првата мапа de_dust2 македонските кантеристи изгубија со 5:16, додека на втората мапа de_mirage победија со 16:5.

Гејмери – Сони ќе ги зачувува старите игри!

На последната мапа de_vertigo скорот беше 16:13 за BLUEJAYS – уметничкото име на нашите кантеристи. Со победата на ова финале македонските кантеристи се повторно на врвот на Европа кало што тоа беше случај и минатата година кога за прв пат беа шампиони на CS-Go.

До финалето нашите претставници стигнаа најпрвин победувајќи го Луксембург со 1-0, потоа Шведска со идентичен резултат. Потоа следуваше победа над Шпанија со 2-0 и над Србија со 2-1. Во финалето победа против Украина со 2-1.

Автор: Михаил Данев

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија