ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.07.2022
Македонските математички олимпијци на Олимпијада во Осло

Македонските математички олимпијци денеска и утре во Осло, Норвешка, се натпреваруваат на 63. Математичка олимпијада.

Математичката Олимпијада 2022 (IMO 2022) започна вчера во Осло, Норвешка, со чинот на свечено отворање. Меѓу учесниците се и претставниците од Македонија, кои во Осло заминаа во сабота.

Нашиот олимписки тим е во состав:

Никола Спировски

Дамјан Давков

Јан Стојановски

Алексиј Тасиќ

Блаже Суклевски

Јасна Илиева

Во конкуренција на млади математичари од 104 олимписки тимови,  македонските математички олимпијци денеска и утре (понеделник и вторник, 11 и 12 јули), ќе се обидат да постигнат што подобри резултати.

Церемонијата на доделување на медалите, која воедно ќе биде и свечено затворање на Математичката Олимпијада, ќе се одржи на 15 јули (петок) в0 15.30.  Како и свеченото отворање, и доделувањето на медалите ќе може да се следи преку стриминг на веб страната на IMO 2022.

Математичарот Дамјан Давков од Штип, повторно со награда

На Олимпијадата учесниците имаат можност и за забава и интересни содржини. Во среда, 13 јули , ќе ги посетат Техничкиот музеј, ски музејот и Норвешкиот народен музеј. Во попладневните часови натпреварувачите се поканети во Градското собрание на Осло во 15 часот од страна на градоначалникот на Осло.

Четврток,14 јули е предвиден за посета авантуристичкиот парк Тузенфрид.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија