
На интернет е објавена интересна мапа која се занимава со најчестите злосторства по европските земји.

Фото: TikTok mapvault
Имено, TikTok профилот Map Vault објави мапа која открива кои злосторства се најчести во европските земји. Оваа мапа открива дека трите најчести злосторства во Европа се дрогата, вандализмот и поткупот.
Секако, сите веднаш нè интересира кој криминал е најзастапен кај нас, а многумина веројатно веднаш би погодиле за кое кривично дело се работи. Според оваа мапа, кај нас најчесто кривично дело е поткупот, што не е ни чудо.
Поткупот е најчестиот криминал и во другите земји од поранешна Југославија, односно во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, БиХ и Косово. Ова кривично дело е карактеристично за сите источноевропски земји, но и за Шпанија и Италија.
@mapvault #germany🇩🇪 #europe #geography #maps #mapsandmore #maps #mapping #mapvault #german ♬ Originalton – 🇹🇷♡🇰🇷
Како и за другите земји, злосторствата поврзани со дрога се најчести во скандинавските земји, Велика Британија, Германија, Швајцарија и Австрија. Додека вандализмот е најчестиот криминал во Франција и Полска.