
Мароко е најновиот во редицата хитови на Светското првенство во Катар. Во дуелот против фаворизираната Белгија, мароканците приредија уште едно изненадување на Мундијалот во Катар, победувајќи ја Белгија со 2:0.
Со ова, ситуацијата во групата Ф станува крајно интересна, во пресрет на новиот денешен натпревар помеѓу Хрватска и Канада. Во моментов прва е селекцијата на Мароко, со 4 бода, втора Белгија со 3. трета Хрватска со1 и четврта Канада без бодови. Ако Хрватска ја победи Канада, ќе се израмни со бодови со мароко, па во последното коло со Белгија ќе одлучува која од двете селекцииќе се збогува со Светското првенство. Всушност, како и да заврши натпреварот Хрватска – Канада, последното коло ќе одлучува за патниците во нокаут фазата.
Интересно е и во групата Е, каде Јапонија веќе приреди сензација победувајќи ја Германија на стартот со 2:1, но денеска пак загуби од Костарика со 0:1. Вториот натпревар од оваа група се игра вечер во 20 часот, и може да се каже е првото вистинско дерби, меч кој слободно може да биде финале на Европско или светско првенство , Шпанија – Германија.
Делириум во Катар: Иран го победи Велс со головите во 99 и 101 минута
Германците со поразот од Јапонија се доведоа во ситуација мечот против најтешкиот противник да икм биде да се биде или не. Со евентуален пораз од Шпанија, Германија своите шанси ќе ги сведе на мнимум, иако дури и во таква ситуација ќе има надеж, ќе треба да очпекува во последното коло Шпанија да ја совлада Јапонија, а Германија да слави против Костарика со соодветна гол разлика. На табелата во моментов има три екипи со по три бода – Шпанија, Јапонија и Костарика, а Германија е без бодови (со тоа што Шпанија и Германија својот натпревар го играат вечерва).