ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.11.2022
Маск го врати Трамп на Твитер
Автор: Goce Author

Илон Маск вчера објавил дека го враќа профилот на поранешниот мерикански претседател Трамп по добиената поддршка од корисниците.

„Народот зборуваше“, напишал Маск на Твитер, велејќи дека 51,8 отсто од повеќе од 15 милиони корисници на Твитер гласале за укинување на забраната.
На Трамп му беше забранет пристапот на оваа социјална мрежа заради потикнување насилство. Но, поранешниот американски претседател можеби нема да се врати на платформата, велејќи дека не е заинтересиран и дека се’ уште ќе биде активен на неговата мрежа. 

По немирите во Вашингтон на 6 јануари, неговите профили на речиси сите социјални мрежи беа блокирани, иако имаа десетици милиони следбеници. Неколку месеци подоцна, тој лансираше своја сопствена платформа за социјални медиуми, Truth Social.


Илон Маск го купи Твитер, а претходно им напиша писмо на рекламерите – еве ја содржината


Претходно оваа недела, републиканецот најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД во 2024 година.

Откако Маск ја презеде целосната контрола врз Твитер, се впушти во серија радикални промени на социјалните мрежи. Пред среднорочните избори во САД на 8 ноември, тој одговорил на прашањето дали ќе ја врати сметката на Трамп со твит: „Ако имав по еден долар за секој пат кога некој ме праша дали Трамп се враќа на оваа платформа. Твитер би ковал пари!“

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија