
Во период од 29 месеци, 62-годишен маж од Германија, спротивно на препораките на лекарите, бил вакциниран 217 пати против Ковид. Експертите велат дека нема индикации дека пациентот си нанел некаква штета со ваквата интензивна имунизација.
Бизарниот случај на германски пациент кој навистина сакал да се заштити од Ковид и примил повеќе од 200 вакцини е документиран во стручното списание The Lancet Infectious Diseases.

Photo by Daniel Schludi on Unsplash
62-годишен маж бил вакциниран 217 пати. Вакцините беа купени и дадени приватно во рок од 29 месеци. Изгледа дека човекот не претрпел никакви последици, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг кои дознале за необичниот случај од написите во весниците.
„Го контактиравме и го поканивме да направи различни тестови во Ерланген. Тој беше многу заинтересиран за тоа“, рече д-р Килијан Шобер, од одделот за микробиологија на Универзитетот во Ерланген-Нирнберг.
Човекот дал примероци од свежа крв и плунка. Истражувачите анализирале и некои замрзнати примероци на крв од овој пациент кои биле складирани во последните години.
„Зедовме примероци од крв кога еден човек беше подложен на дополнителна имунизација за време на студијата на негово инсистирање. Ги искористивме тие примероци за да утврдиме точно како имунолошкиот систем реагира на вакцинацијата“, објасни д-р Шобер.
Докази за 130 убоди собрал јавниот обвинител на градот Магдебург, кој покренал истрага за наводната измама. Кривична пријава не била поднесена.
Вакцините со гласник РНК (мРНК) функционираат така што на клетките на телото им покажуваат дел од генетскиот код на вирусот. Имунолошкиот систем тогаш треба да го препознае коронавирусот и да знае како да се бори со него.
Кампањите против вакцините ги зголемуваат бројките на заразни болести и во регионот
Д-р Шобер се загрижи дека хиперстимулирањето на имунолошкиот систем со повторени дози на вакцината може да измори одредени клетки. Меѓутоа, истражувачите не нашле докази за тоа кај 62-годишниот маж. Исто така, немаше знаци дека тој некогаш бил заразен со коронавирус.
Истражувачите велат дека е исклучително важно да се нагласи дека тие не ја поддржуваат хипервакцинацијата како стратегија за зајакнување на адаптивниот имунитет.
Резултатите од анализите на кои го подложиле овој 62-годишник не биле доволни за да се донесат далекусежни заклучоци, а камоли препораки за пошироката јавност.
„Тековните истражувања покажуваат дека вакцинацијата со три дози, заедно со редовните засилувачки вакцини за ранливите групи, останува препорачаниот пристап“, велат научниците во текстот на веб-страницата на универзитетот, додавајќи дека нема индикации дека повеќе од препорачаниот број вакцини беше потребно.
Вакцините против Ковид може да имаат несакани ефекти. Најчесто, болката се јавува во раката по примањето на инјекцијата.