
Овој месец е месец на фотографијата, затоа направете фотка која вреди вреди илјадници зборови. Со новите паметни телефони скоро секој од нас стана своевиден фотограф и своите ремек дела нескромно ги споделува на Instagram, Snapchat и други популарни платформи. Затоа откако ќе го прочитате ова почнете да правите интересни фотографии од убавината насекаде околу вас без оглед дали сте дома, надвор или пак на некое егзотично место.

Image by Milada Vigerova from Pixabay
Иако веќе реков дека една фотографија може да вреди илјадници зборови, ако сепак поистражувате малку и погледнете фотографии направени во изминативе 200 години откако фотографијата му е позната на човекот, ќе сфатите дека една фотографија би можела да чини и многу повеќе од тоа.
Се чини дека некои фотографии ја покажуваат целата човечка суровост, како што е озлогласената фотографија од војници кои мачат и малтретираат затвореник во затворот Абу Граид. Додека други ги прикажуваат ужасите на војната и како таа ги повредува најранливите, како што е потресната фотографија од малото девојче со лузни од напалм кое бега од своето запалено село во Виетнам. Други, пак, имаат способност да ги прикажат старите вистини, како што е последната фотографија од „Титаник“ што плови што е направена само три кратки дена пред да потоне.
Има фотографии кои може да бидат бескрајно инспиративни, како што е иконата фотографија на афроамериканскиот олимписки атлетичар Џеси Овенс како му пркоси на Хитлер одбивајќи да му даде нацистички поздрав. Ова беше фатено откако тој освои неколку златни медали и докажа дека теоријата за ариевска надмоќ на диктаторот не е ништо друго освен пропаганда и мит.
А некои фотографии се едноставно убави и возбудливи, како што се безбројните фотографии од радосните состаноци на луѓето со нивните сопрузи, сопруги, родители, деца, па дури и домашни миленици по подолги отсуства.
Амбасадата на Шведска објави фото конкурс „Македонски татковци“
Од нејзиниот пронајдок до денес, фотографијата им даде на луѓето неверојатна можност да фатат момент во времето и да го одржат во живот засекогаш. И ако тоа не вреди да се слави, што вреди тогаш?

Image by Foundry Co from Pixabay
Историја на месецот на фотографијата
Илјадници години пред технологијата, во 4 век п.н.е., грчкиот филозоф Аристотел веќе размислувал за она што многу подоцна ќе се нарече „камера со дупчиња“.
Најраната преживеана фотографија од природата е направена во 1826 година од францускиот научник и пронаоѓач Nicéphore Niépce. Во тоа време, биле потребни денови на експозиција за да биде подготвена фотографијата. Еден од современиците на Niépce, францускиот сликар Louis Jacques Mandé Daguerre, бил толку возбуден поради овој изум што продолжил да го следи процесот, значително намалувајќи го времето на експозиција и создавајќи можности за портрети.
Денес, речиси два века подоцна, можно е да се види колку далеку стигнала фотографијата. Со инстантно развиената Polaroid камера создадена во 1948 година и потоа конечно дигиталните фотоапарати продадени во доцните 1990-ти, напредокот е извонреден.
Националниот месец на фотографијата е создаден за да им помогне на луѓето ширум светот да го прослават изумот на ова неверојатно средство за комуникација со претходните и идните генерации.
Затоа, погрижете се да не дозволите вашите значајни мигови да не останат запаметени и направете спомени со фотографија, па макар и тоа било популарното селфи!

Image by Luis Wilker WilkerNet from Pixabay