
Со договор вреден речиси 70 милијарди долари Мајкрософт соопшти дека планира да ја купи големата компанија за видео-игри Activision Blizzard.
Ова ќе биде најголемиот договор во индустријата на видео-игрите воопшто, доколку се потпише договорот. Со тоа една од најиграните и најпопуларни франшизи како Call of Duty, Warcraft, Overwatch и Candy Crush ќе има сопствеништво од страна на Мајкрософт. Најавата за купување на оваа франшиза доаѓа една година откако „Мајкрософт“ купи друга влијателна компанија за видео-игри, компанијата Bethesda, за 7,5 милијарди долари.
Интересен е овој момент бидејќи периодов е зголемена конкуренција во гејминг индустријата, а според некои податоци, конзолите „Плејстејшн 5“ на Сони ја надминаа продажбата на последната генерација конзоли на Мајкрософт. Дел од познавачите тврдат дека тоа се должи на фактот што во последниве години „Плејстејшн“ има попривлечни екслузивни игри, што не можат да се играат на други уреди и конзоли.
Најдобрата „евтина“ камера за млади јутубери и подкаст стримери
Activision Blizzard има свои студија и околу 10.000 вработени низ целиот свет. Компанијата има речиси 400 милиони месечни активни играчи низ 190 земји. Мајкрософт најави дека ќе ги донесе видео-игрите на својот претплатнички сервис „Game Pass“ а овој договор ја шокираше индустријата за игри.