

„Walkie Talkie“ е опција што можете да ја користите на вашиот мобилен телефон со мобилен интернет или преку Wi – Fi конекција.
Ова беше претставено пред две години, но само мал процент од корисниците ја имаа оваа опција и беше верзија за преглед.
Мајкрософт ова првенствено го презентираше на вработените кои се ориентитани кон клиентитте во текот на денот и вршат секојдневни операции во компниите.
Соработката на производителот на софтвер со Zebra Technologies му овозможува да работи со посебно копче за разговор за брза и сигурна комуникација.
Функциите за воки-токи сè уште се ретки во комуникациските апликации.
WhatsApp ви овозможува да снимате звучни клипови што може да се испраќаат и примаат, а Slack лани ја лансираше својата функција Huddles слична на Discord за да им овозможи на луѓето лесно да влегуваат и излегуваат од повици.