
Еднакви човекови права заслужува секој човек, без разлика на пол, возраст, место на живеење, религиозна определба, боја, јазик, сексуална определба…
Денеска е Меѓународен ден на човековите права, па ајде да дознаеме повеќе за тоа како бил создаден и која е неговата цел.
Документот за еднакви човекови права е востановен во чест на Универзалната декларација за човекови права во 1948г. Со создавање на овој документ јасно и прецизно е нагласено дека секој човек има еднакви основни права на живот.
Интересен е фактот дека овој документ е еден од најпреведуваните документи и е достапен на повеќе од 500 јазици.
Од денот на создавање, секоја година ширум светот се формираат разни манифестации, конференции и организации со цел да не се заборави важноста на човековите права и да се обезбедат што повеќе услови за подобар живот на сите.

Најдете начин како да го прославите и вие овој ден. Може да се вклучите во некој волонтерски настан и да помогнете на луѓето на кои им е навистина потребна помош или пак да се вклучите на некој онлајн настан на кој што ќе научите повеќе за важноста на човековите права, па потоа може и вие сами да ги промовирате и да им помогнете на луѓето околу вас да научат повеќе. Доколку сте расположени може и да направите мини собир со вашите најблиски пријатели и да започнете со едукација на луѓето кои се соочуваат со нееднаквост и неприфатеност од околината. Можеби ви изгледа чудно, ама доколку секој придонесе по малку, тогаш ефективноста ќе биде многу голема, а тоа ќе придонесе до светска промена во квалитетот на животот.