ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.06.2023
Меган Маркл најверојатно ќе стане најплатен инфлуенсер
Автор: Goce Author

Меган Маркл може да биде еден од најплатените инфлуенсери во светот, по најавата дека може да стане ново заштитно лице на „Диор“.

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, би можела да стане една од најплатените инфлуенсери во светот. Таа  би добила 200.000 фунти (233.000 евра) по публикација во која рекламира одредени брендови. Ова го коментираат експерти, откако се шпекулираше дека може да стане ново лице Француската модна куќа Диор.

Претходно беше објавено дека војвотката од Сасекс нема да го продолжи договорот со Spotify, што значи дека таа и Хари ќе загубат околу 10 милиони долари, објави Дејли мејл.

Сепак, Меган брзо би можела повторно да ја искористи популарноста. Инсајдер близок до парот рече дека таа би можела да вреди „стотици милиони долари“ доколку прифати договори со брендови кои се отворени за неа.

Извори тврдат: Меган Маркл без пардон лажеше пред камерите

Експертот за бренд и култура Ник Ед изјави за Mail Online дека Меган би можела да стане еден од најголемите влијателни лица во светот и дека би можела да вреди милиони ако стане заштитно лице на Диор.

Тој додаде дека доколку дојде до договор, таа би можела да се изедначи со заработката на Ким Кардашијан. Таа во текот на годините заработила богатство од нејзиното партнерство со Долче и Габана – која и платила 47 милиони долари само за да ја облече нивната венчаница.

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)