
Меган Маркл може да биде еден од најплатените инфлуенсери во светот, по најавата дека може да стане ново заштитно лице на „Диор“.

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, би можела да стане една од најплатените инфлуенсери во светот. Таа би добила 200.000 фунти (233.000 евра) по публикација во која рекламира одредени брендови. Ова го коментираат експерти, откако се шпекулираше дека може да стане ново лице Француската модна куќа Диор.
Претходно беше објавено дека војвотката од Сасекс нема да го продолжи договорот со Spotify, што значи дека таа и Хари ќе загубат околу 10 милиони долари, објави Дејли мејл.
Сепак, Меган брзо би можела повторно да ја искористи популарноста. Инсајдер близок до парот рече дека таа би можела да вреди „стотици милиони долари“ доколку прифати договори со брендови кои се отворени за неа.
Експертот за бренд и култура Ник Ед изјави за Mail Online дека Меган би можела да стане еден од најголемите влијателни лица во светот и дека би можела да вреди милиони ако стане заштитно лице на Диор.
Тој додаде дека доколку дојде до договор, таа би можела да се изедначи со заработката на Ким Кардашијан. Таа во текот на годините заработила богатство од нејзиното партнерство со Долче и Габана – која и платила 47 милиони долари само за да ја облече нивната венчаница.