
Лионел Меси чудесниот пресврт на реал против Манчестер Сити го прокометирал со зборовите – Тоа не може да е вистина!

Спектакуларниот пресврт на Реал Мадрид против Манчестер сити во полуфиналето на Лигата на шампиони долго време ќе биде раскажуван и коментиран. Но, кралскиот клуб всушност сезонава се специјализира за драматични натпревари, во кои оди до дното, и некако чудесно се враќа. Во Лигата на шампиони тоа се натпреварите против ПСЖ, Челзи и синоќа против Сити, а неодамна и во шпанската примера се врати од 0:2 до 3:2 против Севиља. Кралевите на драмата во сезона кога имаат можеби еден од најслабите состави последните години, се на прагот од двојна круна – Шпанија ја освоија, на 28 мај против Ливерпул јуришаат и на титулата во Лига шампиони.
Во многуте коментари по најновиот чудесен кам бек на Реал, се издвојува еден киј се однесува на реакциите на Лео Меси, Серхио Агуеро и Карлос Тевес.
Лионел Меси останал во неверување поради пресвртот на Реал Мадрид против Манчестер Сити во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.
По поразот со 4:3 во Манчестер, Реал губеше на својот „Сантијаго Бернабеу“ со 1:0 до 90. минута, а потоа Родриго направи пресврт со два гола и обезбеди продолжение, во кое Карим Бензема изнуди и реализираше пенал за пласман во финалето.

Поранешниот напаѓач на Сити, Серхио Агуеро го коментираше натпреварот за ЕСПН заедно со Карлос Тевез, а на сред пренос доби порака од неговиот сонародник Лионел Меси која ја прочита во живо во програмата.
Лео ми пишува“, му рекол Агуеро на Тевес.
„Што вели Лео?“, го праша Тевес.
„Престани да се заебаваш, ова не може да биде вистина“, рече Агуеро, алудирајќи на зборовите на Меси за пресвртот на Реал.
Инаку, Реал Мадрид го исфрли и ПСЖ на Меси во осминафиналето од Лигата на шампионите. „Светците“ го добија и првиот натпревар со гол разлика, поведоа со 1:0 во Мадрид, а потоа Карим Бензема го шокираше фудбалскиот свет со хет-трик во последниот половина час.