ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.04.2022
Мигрант „изгребал“ тикет од 250.000 евра, но не може да си ги подигне
Автор: Goce Author

Млад мигрант од Алжир кој во супермаркет во белгискиот град Зебриз купил добитна гребка од 250.000 евра не може да подигне пари бидејќи нелегално се наоѓа во таа земја.

Во изминатите неколку недели животот на младиот Алжирец целосно се промени. Престојувајќи без документи во Белгија без постојан покрив над главата, преку ноќ дошол до можност да започне нов живот.

Не го очекував тоа“, изјави тој за медиумите, објаснувајќи дека купил неколку гребки. „Еднаш освоив 5 евра. Втор пат 10. И следниот пат … Оваа сума на пари е апсолутно неверојатна. Бев пресреќен и на почетокот не можев да поверувам“, вели младиот мигрант.

Тој во Белгија пристигнал пред два месеци преку Шпанија и Франција. Не можел да најде работа во Алжир.

Тој сака да остане таму: „Сакам да работам. Во Брисел. Можам да отворам продавница. Белгија е добра земја“.

Од парите од лотаријата, пред се, би купил стан затоа што во моментов нема покрив над главата.

По добивката, среќникот исчезнал без трага

Откако „изгреба“ 250.000 евра, не се појави цела недела. Минатиот петок тројца мажи се појавија во Националната лотарија со неговиот тикет. Надлежните најпрво се посомневале дека тие го украле добитното ливче, поради што биле уапсени.

Меѓутоа, Алжирецот подоцна изјави дека тоа не е точно.

„Го дадов тикетот на мојот пријател, бидејќи тој ги има документите. Тој е роден во Франција, па го замолив да ги земе парите наместо мене“, откри мигрантот.

Тројцата уапсени потоа беа ослободени.

Тикетот се чува во полиција,  како до 250.000 евра?

Во меѓувреме нашол адвокат со кој ќе се обиде да дојде до парите.

„Во супермаркетот знаат дека тој е вистинскиот победник поради снимката од безбедносните камери. Сепак, добивањето на тие пари не е така лесно“, изјави адвокатот Александар Ферстет.

За летување во Дубаи не мора да сте милионер

Националната лотарија се уште чека со исплатата. Тие бараат број на банкарска сметка. Бидејќи нема документ, не може ни да отвори сметка.

„Ќе видиме како ќе го решиме ова. Додека тоа не се случи, тикетот е во „притвор“ во полицијата. Бараме документи кои би можеле да го потврдат неговиот идентитет. Ќе мора да стапи во контакт со своите роднини во Алжир“, објаснува адвокатот.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија