
Индискиот политичар кој пиел вода од загадената „Света река“ за да докаже дека е чиста, наводно е примен во болница.

Според Индипендент, главниот министер на Пенџаб, Багвант Ман, пиел од Кали Беин, света река во Султанпур Лоди, два дена пред да побара лекарска помош.
На почетокот на оваа недела тој беше примен во болницата Индрапраста Аполо во Делхи поради болки во стомакот.
Punjab Chief Minister openly drinks a glass of polluted water from a ‘holy river’ to prove that water is clean. Now admitted to hospital. pic.twitter.com/MH1OLwUlUw
— Ashok Swain (@ashoswai) July 21, 2022
Тој беше пренесен со хеликоптер од неговата официјална резиденција во Чандигар во вторникот вечерта.
Оваа река е од големо значење за религијата Сики.
Инцидентот се случил на 22-годишнината од операцијата наменета за чистење на реката, започната во 2000 година, а Ман пиел од Кали Беин за да го докаже успехот во прочистување на реката. Во оваа река се исфрлале многу отпадни води, визуелно нависитна е прочистена, но никако не била препорачана за пиење.
Според последните информации, министерот бил пуштен на домашно лекување, после два дена третман во болницата.