ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.10.2021
Младинска декларација за климатските промени ќе се изготви на „Младински климатски самит“ во Скопје

Отворање дијалог меѓу младите и претставниците од националните институции на теми поврзани со климатската акција е една од целите на „Младински климатски самит“, кој се одржува денеска  во Скопје.

Младинскиот самит за климатски промени во Скопје е дел од процесот да се вклучат младите луѓе во преговорите за климатските промени. Самитот  ќе им даде шанса на младите луѓе на возраст од 15-24 години да се вклучат во дијалог со креаторите на политики, да разменат мислења и да се поврзат со други посветени млади луѓе на животната средина и климатските промени. Настанот претставува можност за младите луѓе да го кажат својот став и да земат свое учество во текстот на Младинската декларација за климатски промени. Декларацијата ќе биде документ што ќе ги отсликува погледите и ставовите на младите луѓе за климатските промени и ќе се сподели со локалните и националните институции, и ќе биде претставен на Младинскиот самит за климатски промени на Обединетите Нации, во Милано, Италија. 

За време на самитот, учесниците ќе изработат младинска климатска декларација, со која се очекува да повикаат на создавање повеќе можности и простор за вклучување на младите во климатската акција.

Ангела Бушеска, која е една од младинските делегати и ја претставуваше земјата на настанот Youth4Climate (МладитеЗаКлимата) во Милано, на самитот ќе ги сподели своите гледишта и искуства од учеството на глобалните консултации. Предвидени се две панел-дискусии со национални и меѓународни претставници, на кои ќе се зборува за глобалните, европските и националните политики за климата и енергијата, а и за тоа како да се вклучат младите преку активизам, едукација, претприемништво и иновации.

Младинскиот климатски самит е иницијатива предводена од младите, поддржана од УНИЦЕФ и финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој (Сида), организирана во партнерство со Амбасадата на Италија, како земја-домаќин на Младинскиот климатски самит на ОН во Милано и Амбасадата на Обединетото Кралство, како земја-домаќин на Конференцијата на ОН за климатските промени во Глазгов.

Денес ќе се додели наградата „Роман на годината“ – ова е годинешниот лауреат
МОН: Неделава ќе има резултати од конкурсите за стипендии за магистерски и докторски студии