ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.05.2022
Мона Лиза „доби“ торта и шлаг од непознат посетител
Автор: Goce Author

Мона Лиза во парискиот Лувр во неделата беше цел на обид да биде оштетена со торта.

Човек во инвалидска количка во неделата во парискиот музеј Лувр се обидел да ја оштети познатата слика „Џоконда“, попозната како Мона Лиза, на Леонардо да Винчи, но тортата што ја фрлил завршила на заштитното стакло.

Според очевидци, мажот носел перика, наеднаш станал и се доближил до сликата, фрлил торта врз неа, на чудење на посетителите на музејот, објави „Тајм“.

Чуварите побрзале да го исфрлат човекот од собата, а тој мирно си заминал, а останатите посетители продолжиле да снимаат сцени на телефоните кои се појавиле и на социјалните мрежи.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија