ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.02.2022
Мост во Ротердам ќе се демонтира заради јахтата на Џеф Безос
Автор: Goce Author

Заради јахтата на Џеф Безос, властите во Ротердам најверојатно ќе треба да го демонтираат историскиот мост Конингсхавен.

Поради тоа што за овој мост во минатото имало многу превирања, дури и протести, бил бомбардиран од германската армија во Втората светска војна, преживеал обид за рушење и подоцна, во девеесетите, и овој пат има реакции од локалното население.

На пристаништето во Холандија пристигна необично барање кое подразбира демонтирање на мостот.

Властите во Ротердам го разгледуваат барањето за демонтирање на дел од историскиот мост во тој град со цел јахтата, чиј сопственик е основачот на „Амазон“ Џеф Безос, да го напушти бродоградилиштето.

Смена на врвот на листата на најбогатите – Илон Маск го „прескокна“ Безос, сега „тежи“ 230 милијарди

Холандскиот град добил барање од локален бродоградител да го отстрани централниот дел од историскиот мост Конингсхавен за да може суперјахтата да исплови во морето.

Претставниците на Ротердам велат дека мора да ги разгледаат ризиците и да донесат одлука земајќи го предвид интегритетот на мостот, влијанието врз животната средина, но и локалната економија.

„Де хеф“ и во минатото бил предмет на протести и реакции

Бродоградителот ќе треба да ги плати сите трошоци за демонтирање на мостот, кој беше реновиран во 2017 година, а локалните власти тогаш ветија дека никогаш повеќе нема да се демонтира. Инаку, станува збор за мост кој холанѓаните си го нарекуваат „Де хеф“ и кој е своевидна икона на градот. Со ваков изглед е отворен е во далечната 1927 година, а како мост постоел уште од 1878.  Во 1993 гиодина се случилњ големи протести во Ротердарм, заради плановите за уривање на железничката линија и мостот . Линијата била отстранета, но мостот бил оставен на место како споменик на националното наследство.

Фото: BOAT International

Деновиве, Ротердам објави дека средниот дел од мостот ќе биде привремено отстранет за да може да помине суперјахтата Y721 на Џеф Безос.

Холандските медиуми утврдија дека јахтата ја гради бродоградилиштето „Океанко“ кое се занимава со изработка на јахти по нарачка.

Според наводите, јахтата долга 127 метри со три јарболи е наменета за основачот на „Амазон“, која воедно ќе биде и највисоката јахта на светот.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија