ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.12.2023
Можеби за последен пат Меси против Роналдо!
Автор: Goce Author

Овој натрепар можеби ќе биде и крај на уште една фудбалска историја помеѓу овие две фудбалски ѕвезди, Меси и Роналдо.

Роналдо му се приклучи на саудиски Ал Наср на 30-ти декември минатата 2022 година, додека Меси го напушти ПСЖ на 7-ми јуни оваа година и му се приклучи на тимот од Флорида.

Натпреварот против Ал-Наср е еден од трите кои Интер Мајами ќе ги одигра на азиската турнеја во пресрет на стартот на новата сезона во МЛС.

Три дена пред дуелот со Роналдо, Меси и соиграчите ќе играат против Ал-Хилал на 29-ти јануари, пред американскиот тим да отпатува за Хонгконг, каде на 4-ти февруари ќе игра против тимот составен од кинеските прволигашки играчи.

Американскиот МЛС клуб Интер Мајами и неговата прва ѕвезда Лионел Меси, на 1. февруари ќе гостуваат во Ријад, каде ќе одиграат пријателски натпревар против Ал-Наср, тимот за кој настапува Кристијано Роналдо, потврдија двата клуба.

Тоа ќе биде 38-ми пат Меси и Роналдо да се сретнат на спротивните страни од теренот, од на 30 од тие натпревари ги носеа дресовите на жестоките шпански ривали Барселона и Реал Мадрид.

На својот Твитер профил Интер Мајами ја објави средбата помеѓу овие тимови.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Климент Трајков

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија