
Со мотото “Волонтирај, учи и забавувај се!“, Младинскиот клуб Штип распишува повик за волонтери отгворен за млади од 15 до 35 години кои учат или живеат во Штип. Пријавата важи најдоцна до 3 октомври 2022г.

“Имаме за цел да обезбедиме можност на заинтересираните млади (кои се надеваме дека се во голем број!) да волонтираат, корисно да го поминуваат своето слободно време и да допринесуваат во своите заедници. Сакаме – по тешкиот период на ограничувања наметнати од пандемијата – да ја интензивираме нашата работа директно со младите и да допринесуваме во нивниот развој. Затоа ја отвораме оваа можност за волонтирање во активности на организацијата (кои се веќе планирани, и други иницирани од самите волонтери).“, вели Дина Митровиќ од Младински клуб Штип.
Најголем дел од младите не волонтирале затоа што никој не ги повикал
“Волонтерите во секоја организација се непроценлив ресурс за постигнување на целите на организацијата, кои секогаш се од повисок општествен интерес и во корист на група граѓани или цели заедници на кои поддршка им е потребна. Волонтерите помагаат. Волонтерите ќе имаат можност да се вклучат во планирање, организирање и спроведување на различни активности за деца и млади, како работилници, дискусии и други настани, забава, како и да иницираат други активности кои сметаат дека ќе бидат корисни за децата и младите во Штип.“
“Зависно од сопствените интереси и способности, волонтерите ќе се вклучуваат во различни тимови – креативни, административни, едукативни, за организација и логистика, социјални медиуми, забава… При работата, волонтерите ќе имаат можност да работат со искусни волонтери и младински работник, и, од нив да учат и да истражат различни свои интереси, да се стекнуваат со нови знаења и искуство, како и со работни навики, коешто сѐ заедно може значајно да им користи за личниот и кариерниот развој. Секако, за волонтерите се предвидуваат работилници за обука и/или менторство и поддршка за специфичните задачи кои ќе треба да ги извршуваат. Она кое може да биде особено интересно за нашите волонтери е и тоа дека волонтирањето е забавно, учењето е низ неформални и неформални методи и прилагодено на потребите и можностите на волонтерите, дружењето и градењето тимски дух се високо охрабрувани и поддржани! Покрај тоа, со самото приклучување кон организацијата, волонтерите ќе бидат многу подобро информирани за мобилности и обуки организирани од други организации, и други области од нивен интерес. Најпосле, волонтерите кои ќе остварат повеќе од 20 волонтерски часови до крајот на годината, ќе добијат потврда со препорака од организацијата, што може да им биде од корист во нивните идни потраги за волонтерски и работни позиции.“. истакна Митровиќ.
Преку новиот Закон за млади можете да се вклучите во носењето на одлуки во државата