ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.07.2022
Музеј кој ги чува спомените на скршенте срца
Автор: Goce Author

Не знам дали сте знаеле дека доколку имате скршено срце, постои музеј каде може да оставите дел од болката во облик на некој предмет, подарок, фотографија или дури и графит, како спомен на вашата пропадната врска. Овој музеј се наоѓа во Загреб, Хрватска. Во музејот може да видите различни предмети кои луѓето од целиот свет ги донираат.

https://www.wanderingearl.com/the-museum-of-broken-relationships/

Музејот поседува 4 000 предмети и во последно време стана најинтересниот музеј во Загреб за младите туристи.

Ако случајно летувате таму, или работите или планирате да одите наскоро, ви препорачуваме да го посетите и да ги откриете секојдневните предмети и спомени кои се спомени на љубов што не успеала.

„Тоа е љубовен музеј – само можеби наопаку“, вели Дражен Грубишиќ, ко-основач на Музејот на пропаднати врски. Музејот се оддржува од обичните луѓе, тука уметниците немаат никаква врска, а се создадени фикции од секојдневниот живот кои се поголема уметност од се.

Каде се наоѓа музејот во Загреб? 

Музејот е лоциран во барокната палата Кумлер во Горни град. Овој дел на Загреб е познат како неговото уметничко и историско срце и изобилува со туристички атракции. Во лето работи секој ден од од 09:00 до 22:00 часот. Цената на влезницата е 40 куни (околу 320 денари) за студенти, ученици и млади луѓе.

Музејот на пропаднати врски е физички и виртуелен простор кој собира, чува и изложува лични предмети и приказни со симболична емоционална вредност. Ова е музеј за сите и за начините на кои сакаме и губиме.

Image by Catkin from Pixabay

Музејот е постојано растечка збирка на предмети, сеќавања на минатите врски, кои се придружени со лични, но анонимни приказни на нивните донатори. За разлика од деструктивните инструкции за самопомош за закрепнување од тага и загуба, Музејот дава можност креативно да се надмине емоционалниот распад – со учество во неговата интернационална колекција.

Музејот на пропаднати врски е оригинален уметнички проект поставен во 2006 година од Олинка Виштица и Дражен Грубишиќ.  Во 2010 година, музејот ја освои наградата EMYA Кенет Хадсон за најиновативниот и најхрабриот музејски проект во Европа.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија