ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.01.2022
Најплатениот јутјубер заработил 54 милиони долари
Автор: Goce Author

Најпрегледуваниот Јутјубер во светот во 2021 година заработил 54 милиони долари за повеќе од 10 милијарди прегледи  на неговите видеа.

Фото: Tubefilter.com

Според Форбс, кој ја објави листата на најплатени Јутјубери во 2021 година, прв е Џими Доналдсон, попознат како MrBeast.

Неговите клипови на YouTube имаат повеќе од 10 милијарди прегледи, а му донесоа профит од 54 милиони долари.


Во 2021 за преземање апликации потрошени 170 милијарди долари


Минатата година заработи повеќе од најдобрите спортисти во светот како Новак Ѓоковиќ, Лионел Меси, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, кои сите заработија околу 40 милиони долари.

Џими го престигна 10-годишниот рецензент на играчки Рајан Каџи, кој беше на врвот на листата во последните две години.

На второто место се најде Џејк Пол, третото го зазеде Маркиплиер, потоа американското комично дуо Рет и Линк, а потоа и Нејтан Џонсон Греам.

Истражувањата покажуваат дека во 2021 година, платформата YouTube имала 2,3 милијарди корисници ширум светот.

Новинарот Крис Стокел-Вокер вели дека YouTube денес се повеќе ја заменува телевизијата, а заработката на таа платформа покажува дека објавената содржина е квалитетна.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија