ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.09.2022
На Хрватска и се закануваат нови поплави, патиштата затворени, најлошото допрва доаѓа
Автор: Goce Author

Поради лошото време, Хрватска вчера издаде предупредување во кое се наведува дека денеска се очекуваат обилни и интензивни врнежи и проблеми со поплави.

Фото: HRT

„Поради врнежите кои наврнаа и сè уште паѓаат на горниот тек на реката Купа, дојде до нагло покачување на нивото на водата и започнување мерки за одбрана од поплави со тенденција за дополнително зголемување на нивото на водата. Утре во текот на денот се очекуваат мерки за одбрана од поплави и во Карловац. Во текот на ноќта од 17 до 18 септември можен е нов воден бран“, се наведува во соопштението кое го пренесуваат хрватските медиуми.

Некои патишта се затворени поради вода

Поради локално обилните врнежи, на места на коловозот останува поголема количина на вода, а поради невремето има и ограничувања на одредени патни правци на крајбрежјето, предупредуваат од Хрватскиот авто клуб (ХАК).

 

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија