ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.12.2021
На училиште наместо знаење добила ќотек
Автор: Goce Author

Во училиштето Епал во Атика, Грција е снимено видео каде што наставник ја тепал 16 годишната ученичка. Наставникот е суспендиран од работа, а добил казна и од соучениците кога ги видел надвор својот уништен автомобил.

Според снимката најпрво ја удирил шамар, а потоа ја влечел и за коса, ја фрлил на земја и продолжил со насилство. Видеото го снимил еден од соучениците, а е имитуван на Alpha TV од магазинот T – life.

 

По инцидентот, група ученици го уништиле автомобилот на наставникот, односно го искршиле и превртеле. За да не продолжи да нанесува штета гневниот наставник бил затворен во канцелариската соба од страна на колегите додека да стигне полицијата.

Во изјава за новинарот на T – life, девојката која била малтретирана изјавила дека е сеуште во шок и дека професорот ја запишувал како отсутен ученик додека таа присуствувала на сите часови и завршило со физичка пресметка кога таа сакала да ја знае причината зошто е тоа така. Погледнете го видео прилогот објавен од грчките медиуми.


Прочитајте и: Анкета: Огромен процент од младите во Македонија се соочуваат со психолошки предизвици


 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија