
Дали ќе го прифатите предизвикот да живеете без социјални мрежи шест години и да добиете 1.800 долари?
Сиверт Клефсаас го направил токму тоа.

Фото: Knowledia
„Мислам дека ова беше прекрасно искуство“ , изјавил Сиверт за CNN
Во 2016 година Лорна Голдстранд Клефсаас го предизвикала својот син да не користи социјални мрежи до своите 18 години и доколку успее ќе биде награден. На 19 февруари, Сиверт ја побарал својата награда бидејќи успешно го завршил предизвикот.
Мајката била инспирирана од предизвикот„16 за 16“ која го слушнала на радио, односно мајка и дала на својата ќерка 1.600 долари доколку не користи социјални мрежи до своите 16 години. Малку го променила и го предизвикала својот син.
Една пилула плус – еден килограм минус, краток филм со силна порака
Сиверт изјавил дека не било и многу тешко да се држи до предизвикот и ретко размислувал да се откаже. За среќа тука биле и неговите пријатели кои го известувале за најновите случувања, па бил во тренд.
„Сега сум побогат за 1.800 долари и уште не знам како ќе ги потрошам. Веројатно тоа ќе биде нешто за мојата студентска соба.“ , изјавил Сиверт за CNN.
Лорна изјавила дека ова биле дефинитивно најдобро потрешените пари во нејзиниот живот и дека смета дека нејзиниот син сега има поинаква преспектива кон социјалните мрежи.
Сиверт е четврто и најмало дете, а Лорна не ги забранила социјалните мрежи на нејзините три ќерки кои се постари од Сиверт. „Имав чувство дека се премногу занесени и дека многу често го менуваа своето расположение. Немаа многу пријатели и често беа депресивни. Многу сум среќна што Сиверт не беше таков.“, изјавила Лорна.