ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.03.2023
Наместо автомобилите, велосипеди, за спас на планетата
Автор: Goce Author

Ќе мораме да се откажеме од автомобилите за да го избегнеме глобалното затоплување – тоа е најважната порака од студијата што ја презентираше Универзитетот во Калифорнија.

Photo by Jacek Dylag on Unsplash

По неколкумесечна работа, експертите дојдоа до заклучок дека луѓето ќе мора да се откажат од своите автомобили доколку сакаат да ја спасат планетата. Извештајот нуди увид во огромните лични, еколошки и економски жртви потребни за постигнување на климатските цели.

Во исто време, тимот потенцира дека транзицијата кон електрични возила има три фундаментални проблеми кои нема значително да ја подобрат статистиката за емисиите низ планетата.

Во студијата се наведува дека ќе бидат потребни големо количество минерали како литиум, кобалт и никел за да се направат батерии за електрични возила. Ако сегашната побарувачка за електрични возила се проектира до 2050 година, потребите за литиум само за американскиот пазар ќе бараат три пати повеќе од количината на литиум што моментално се произведува за целиот глобален пазар.

Поголеми даноци за возилата на фосилни горива, а поволности за оние на струја?

Се нагласува дека зголеменото рударство неповратно ќе ја оштети природата. Рударството сочинува помеѓу 4% и 7% од глобалните емисии на стакленички гасови и ќе ги уништи тропските шуми кои моментално апсорбираат CO₂ од атмосферата.

Електрични автомобили не се комплетно решение за животната средина

Студијата е јасна и за огромната побарувачка на електрична енергија. Електрификацијата на американскиот транспортен систем значително ќе ја зголеми побарувачката за електрична енергија.

Фото: BicykleDutch

Исто така, производството на електрични возила и изградбата и одржувањето на патишта, автопати и паркинзи се енергетски интензивни процеси со високо ниво на емисии на јаглерод.

Конечно, студијата, исто така, ги најавува жртвите што луѓето во развиените земји ќе треба да ги направат за да ги исполнат границите на затоплување што климатските активисти ги нагласуваат со децении, а тоа е да се спречи планетата да достигне температура од повеќе од 1,5 степени Целзиусови во споредба до прединдустриско време.

Им плаќаат да одат на работа со велосипед – и здраво, и исплатливо!

„Сегашната доминантна стратегија во автомобилскиот сектор, која се состои од замена на возила на бензин со електрични возила, а не вклучува намалување на сопственоста и користењето на автомобили, најверојатно ќе биде некомпатибилна со зголемувањето на температурите до крајот на векот.

Наместо тоа, Студијата препорачува владини политики кои поттикнуваат пешачење, возење велосипед и јавен превоз.

Значи, во блиска иднина се предлага да купиме добри патики, велосипед и билет за автобус/воз.

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе