ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.07.2022
Направете пауза за да се препознаете себеси

Во ова секојдневие понекогаш е добро да застанеме, да направиме пауза и да се запрашаме, се препознаеме себеси? 

Понекогаш седам и се чудам во каква заплеткана приказна сме заглавени.

Ох и секако „Која е лозинката за WIFI“?, прашањето што не’ мачи секогаш кога ќе седнеме некаде во некој нов објект каде што нашиот паметен телефон препознава дека има заклучен интернет. Ја испишуваме што побрзо и веднаш се префрламе на паметните уреди бидејќи таму имаме состаноци кои не’ чекаат, виртуелни пријатели или некакви обврски кои не ни дозволуваат да го испиеме кафето без да бидеме „закачени“ на интернет… или пак сами не си дозволуваме?

Секогаш сме тука достапни, за да ја докажеме совршената верзија од нас.

Ни требаат пари, за да можеме да ги покриеме трошоците и да си дозволиме убав живот. Ни треба и идеја како да заработиме повеќе пари и да продадеме повеќе. Во таа цела приказна каде што секогаш се трудиме да направиме повеќе и повеќе, планот може да потфрли и да не функцинира како што треба. Тогаш тука настапува убодот на реалноста надвор од усогласеноста со нашите надежи.

Социјалните мрежи зближуваат и оттуѓуваат – апсурд кој иритира

И време е за паника или пред нас стои едно невидливо големо црвено СТОП?

Еве вака, јас, ти и било кој на овој свет не треба да правиме ништо повеќе освен да преживееме. Овде сме да го споделиме уживањето во сонцето што заоѓа зад дрвјата откако живеевме уште еден ден. Ние сме тука да си ги раскажуваме приказните за нашите искушенија во шумата на силниот студ околу оган што чади.

А се’ останато е дополнително.

Седењето на социјалните мрежи, објавувањето на различни содржини, коментирањето на секакви постови, состаноци кои се редат… тоа не е животот. Дел е од приказната која ја живееме. Не се фокусирајте на деловите, туку на она вистинското. Дајте си слобода да уживате во денот и да се радувате на малите работи. Почувствувајте го топлиот ветер надвор и сфатете – не можеме да контролираме се’.

Кога ќе го сфатиме тоа во нашите глави – тогаш ќе се препознаеме кои сме вистински.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија