
Веројатно сте запознаени со четирите главни крвни групи – А, Б, О и АБ, но научниците велат дека постои и нова крвна група.
Постојат многу начини за групирање на црвените крвни зрнца врз основа на разликите во шеќерите или протеините што ја обложуваат нивната површина, познати како антигени.

Image by DCStudio on Freepik
Во просек, еден нов систем за класификација на крвта бил истражуван секоја година во текот на изминатата деценија. Според добиените резултати, постои крвна група која може да го спаси сечиј живот.
Во 1982 година, истражувачите прв пат откриле необично антитело во примерок од крв. Тоа покажало дека оваа мистериозна крвна група постои. Луѓето со овие необични антитела се појавиле со тестирање на крвта. Сепак бројот на ваквите луѓе е мал, односно за 40 години, биле откриени само 13 личности.
Според Никол Торнтон и нејзините колеги од NHS Blood and Transplant во Обединетото Кралство станува збор за МАМ – негативна. Во 2020 година оваа крвна група е потврдена кај 11 луѓе ширум светот.
Инстражувачите се’ уште работат на студија поврзана со оваа мистериозна група, а резултатите треба да бидат официјално објавени како дефинирање на нов систем на крвни групи на крајот на 2022 година, на состанокот на Меѓународното здружение за трансфузија на крв.