ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.02.2023
Најдобри возачи во светот се Јапонците
Автор: Goce Author

Јапонските возачи се најдобри во светот, а ние не сме за пофалба, бидејќи меѓу 50 рангирани земји ја нема Македонија.

Експертите за автомобилско осигурување Compare the Market составија листа од земјите од каде доаѓаат најдобрите и најлошите возачи.

Свеста за сообраќајот, опасностите од сообраќајот и возењето во пијана состојба се само дел од факторите кои беа забележани во ова истражување.

Според листата од 50 земји, најдобрите возачи во светот се во Јапонија.

Ограничувањето на алкохолот во крвта е прилично ниско, 0,03 g/dl, а Јапонија исто така го има четвртото највисоко ниво на квалитет на патиштата на листата, што значи дека генерално е многу безбедна земја не само за возење, туку и за пешаци.

Осум од 10-те најбезбедни земји се во Европа, а Холандија е најдобра од земјите од Стариот континент, на второто место во светот.

Холандија, исто така, го има второто највисоко ниво на квалитет на патиштата, веднаш зад Сингапур, а исто така има едно од најниските нивоа на смртни случаи во сообраќајот во светот, на 100.000 жители.

Црвените автомобили најподложни на несреќи!

Од друга страна, Тајланд е прогласен за земја со најлоши возачи во светот, со убедливо најголем број трагични смртни случаи во сообраќајот, 32 на 100.000 луѓе.

Македонија, може да се каже очекувано, ја нема во 50-те рангирнаи држави. Тоа најверојатно е одраз на она што секоијдневно го гледаме на патиштата кај нас. Од Балканот, Словенија се наоѓа на 16 место, Хрватска на 22, Србија е на 27, Босна и Херцеговина го зазеде 38-то место. Бугарија е 40-та, а Турција 43-та од 50 рангирани земји. Целата листа можете да ја погледнете овде.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија