ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.06.2023
Најдобрите градови за живеење во светот
Автор: Goce Author

Economist Intelligence Unit (EIU) објави листа на најпогодни за живеење градови во светот во 2023 година, а Виена повторно го зазеде првото место.

Според истражувањето на EUI, списокот вклучува 173 градови ширум светот, а се одредува врз основа на повеќе фактори како што се здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина, стабилноста и безбедноста.

Идеални дестинации за кратки викенд патувања во Европа

Виена, Австрија

Виена го задржа првото место на индексот на животна средина на EIU, добивајќи пофалби за сигурната инфраструктура, извонредната култура и забава и беспрекорните образовни и здравствени услуги. По него следи главниот глад на Данска – Копенхаген.

Јапонија нуди пари за иселување од Токио

Австралиските градови Мелбурн и Сиднеј се сметаат за големи повратници на овогодинешната листа, кои се на третото и четвртото место. Во изминатите години, Сиднеј не се ни вклучуваше во првите 10 најпогодни градови.

Интересно е што дури три града од Канада се во топ 10 најдобри градови во светот и тоа Ванкувер (петто место), Калгари (седмо место) и Торонто (деветто место).

Охрид на листа на Форбс за најпотценети балкански градови

На листата се најде и јапонскиот град Осака кој се најде на 10-тото место. Овој град забележа благ пораст на своите културни и еколошки резултати, потпомогнати од олеснувањето на мерките за Ковид.

Во меѓувреме, Швајцарија, која важи за една од најдобрите земји за живеење, ги доби своите двајца „претставници“, и тоа Цирих, кој го зазеде шестото место и Женева, која се изедначи со Калгари на седмото место.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија