ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.02.2023
Најголемиот производител на храна во светот: Цените годинава повторно ќе растат
Автор: Goce Author

Најголемиот производител на храна во светот Нестле најави дека цената на храната ќе продолжи да расте и годинава. Ова го најавија и други светски производители на основни продукти.

Цените на производите на Нестле лани пораснале за 8,2 отсто, но тврдат дека тоа не е доволно за покривање на производствените трошоци. Тие, всушност, уверуваат дека им е намален профитот.

„Сè уште сме во ситуација кога ја поправаме бруто маржата (директен профит) и, како и сите потрошувачи ширум светот, бевме погодени од инфлацијата и се обидуваме да ја поправиме штетата што е направена“, рече извршниот директор на Нестле, Марк Шнајдер.

Според него, поскапувањето ќе биде многу насочено и ќе се случува само таму каде што трошоците за производство се повисоки. Тој одби да каже кој од 2.000 производи на компанијата ќе поскапи.

Продолжување на поскапувањето на храната годинава најавија и компаниите Унилевер, Кока-Кола, Хајнекен, Колгејт-Палмолив и Проктер и Гембл, а како причина за тоа го наведоа растот на трошоците за производство. Како што јави Си-Ен-Ен, цените на енергијата, житото, работната сила и логистиката се високи.

Како што рече извршниот директор на Унилевер, Алан Џоуп, цените на храната значително ќе пораснат оваа година. Во последните три месеци од минатата година Унилевер ги покачи цените за 13,3 отсто, што беше осми по ред квартален раст на цените.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија