
Деновиве низ светот пустоши новиот сој на корона вирусот „омикрон“ кој што има многу голем број мутации и носи ризик од брзо ширење на болеста, а прв пат се појавил во Јужна Африка.
Тулио де Оливеира, директор на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, на претставниците на СЗО им ја пренел својата загриженост во врска со новиот сој на корона вирус за кој се стравува дека е досега најлошата идентификувана варијанта на вирусот.
Прочитајте и: Дали ќе се пронајде лек против Ковид-19?
Според главниот медицински советник на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, д-р Сузан Хопкинс, новата варијанта на корона вирусот која е идентификувана во Јужна Африка е нај загрижувачка досега бидејќи едно лице брзо заразува најмалку две лица.

Photo by Vladimir Fedotov on Unsplash
Професорот Џејмс Нејсмит, биолог од Универзитетот во Оксфорд изјавил дека вакцините ќе бидат помалку ефикасни за овој сој за разлика од претходните.
Дел од државите воведоа рестриктивни мерки за патување со цел да се спречи масовно заразување од „омикрон“.
Австралија денеска воведе ограничувања за лицата кои живеат во јужноафрикански земји. Франција исто така ги прекина летовите до овој дел од светот, а Холандија ги стави во карантин сите патници од двата авиона кои вчера слетаа во Амстердам од Кејптаун и од Јоханесбург.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (EЦДЦ) повика да се интензивира примарната вакцинација, употребата на „бустер“ дози првенствено кај оние над 40 години и зголемено спроведување на други хигиенски мерки.