
Најпознатиот јутубер во Македонија, Марко Марковиќ или попознат како GP се откажува од снимањето видеа. Во своето последно и многу искрено видео Марко ги споделува сите причини поради кои се откажува од снимање видеа. Парите не се ни најмалку пресудни за тоа, но сепак тој споделува и дека работата на Јутуб во Македонија е тешка и не толку исплатлива. Во ова свое последно видео, кое е насловено „Збогум.“ GP зборува искрено за Јутуб сцената, за тоа дека во светот на македонскиот Јутуб има многу неискрености, многу лицемерие и злоба.

Од последното видео насловено „Збогум.“
Воедно зборуваше и за финансиите од Јутуб. Преку монетизација заработувал по 500 евра месечно, но секако тука се и оние средства кои ги заработувал од спонзорства. Вели дека притисокот кој го доживувал поради Јутуб веќе не може да се издржи, а воедно и сака да се посвети на својата професија – програмерството. Впрочем тоа е и главната причина поради која тој го напушта Јутуб. Во своето последно видео тој многу искрено зборува за сите предизвици да се биде јутубер, вреди да се погледне.