ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.05.2022
Најсмртоносните напади на училишта во САД – вчерашниот е четврт на листата
Автор: Goce Author

Напади во училишта во САД е чест проблем во модерното американско општество. Ова можеби претставува и еден од најголемите проблеми денес. Критичарите на либералните норми сметаат дека поседувањето на оружјето е еден од најголемите виновници за честите напади со смртен исход.

Од пукањето во Санта Фе во Тексас во 2018 година

Вчерашниот напад е четврт најсмртоносен напад на училиште во историјата на САД

Вчерашниот напад во основното училиште Роб во јужен Тексас е четврт нај смртоносен напад во американската историја. 18 годишниот Салвадор Рамос убил 19 деца и две возрасни лица. Тој воедно пукал и во сопствената баба пред да го започне нападот на училиштето. Рамос го убила американската полиција.

Најсмртоносниот напад во историјата се случил 1927 година

Ендру Кехое на 18 мај 1927 година го извршил најсмртоносниот напад во историјата на САД кога поставил бомба во училиште во Мичиген. Во тој напад убил 38 ученици. После нападот Ендру ја убил сопствената сопруга, ја запалил фирмата каде работел и се самоубил активирајќи бомба во сопственото возило.

2007 ма е најсмртоносниот напад на Универзитет во САД

Сеунг Хуи Чо, роден во Јужна Кореа на 16 април 2007-ма година извршил напад на Универзитетот Вирџиниа Тек во кој убил 32 лица, а ранил 17. Чо извршил самоубиство откако полицијата успеала да влезе во просториите каде бил забарикадиран.

Во 2012 година се случил третиот најсмртоносен напад на училиште во САД. Дваесет годишниот Адам Ланза на 14 декември 2012 година во основното училиште Сенди Хук во Конектикат убил 20 деца и шест возрасни. Слично на вчерашниот напад, ова момче претходно ја убило сопствената мајка. На крајот се самоубил.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија